Картезијански дуализам

Image

Кај вистинскиот рудар, едното око е секогаш осветлено од сонцето, а другото е во сенка. И долу – во окното, и горе – на површината. 

Posted in Uncategorized | Leave a comment

Слоеви

Колку е тежок рударскиот живот доволно опишува познатата изрека „рударскиот леб има седум кори“.

Појаснување – рударите копајќи „изеле“ седум кори од земјината обвивка за на површина да го извадат толку потребниот јаглен.

Posted in Uncategorized | Leave a comment

Тежина

Една мошне мудра поговорка на рударите гласи вака:

- Каде и да копаш, што и да копаш – земјата е подеднакво тврда.

Posted in Uncategorized | Leave a comment

Време за ручек


кога стомакот е полн и рударите се среќни
                                          Топла чорба и леб.

Posted in Uncategorized | Leave a comment

Случка

Вчера, еден од нашите рудари-колеги имаше несреќа повторно да биде ужаснат од своето возило, Фиат Точка. Имено, водната пумпа откажа и мора да биде заменета со нова.

Уште еднаш се докажува дека животот на рударите е во окното, а не на површината.

Posted in Uncategorized | Leave a comment

Санкција

По немилиот настан во тунелот бр.7, кој беше поплавен од обилните врнежи, еден од нашите колеги-рудари мораше да биде суспендиран.

Сите ја знаат големината на срамот кога еден рудар својот шлем ќе го замени со качкет.

Posted in Uncategorized | Leave a comment

Буда

        Во една прилика, додека козар поминувал по тесниот земјен пат, бил забележан (под неопишливо голем лотосов цвет) Буда.
        Седејќи и медитирајќи во својата добро препознатлива контемплативна положба, Буда рекол: руда.
        И шумата заживеала егзалтирана од чудесниот маг, цутејќи брзо.

        Козарот, после неколку години, шмркајќи чај од бреза (кој испарувал од бакарната чаша), доживеал откровение.

Posted in Uncategorized | Leave a comment